“Ве известуваме дека поради големиот интерес за пријавување ќе биде одложен датумот на жребањето и почетокот на хуманитарниот турнир, што по повод патронот на градот „Свети Никола“ традиционално по 8 пат се одржува во Прилеп, во организација на Општина Прилеп и „Локалниот спортски сојуз-Прилеп“.
Жрепката ќе се одржи на 7 декември (петок) во големата сала со почеток во 18 часот.
Турнирот ќе започне на 9 декември (недела) во Универзалната сала во Прилеп.
Средствата од овој турнир ќе бидат наменети за лицата со ретки болести и цистрична фиброза”, стои во известувањето на општина Прилеп.