Понудата и најавата на Зоран Заев и СДСМ дека ќе го менуваат уставот, ќе го укинат рамковниот договор и ќе обезбедат двојазичност во цела Македонија и кантонизација преку поголеми овластувања на општините и нивно етничко здружување – беше пречекана со воодушевување од алабнските партии во Македонија кои ова го препознаа како шанса за реализација на својот национализам и укинување на унитарноста и македонскиот карактер на македонската држава.
Поттикнати од подарокот што им го ветија СДСМ и Заев тие сега отворено најавуваат дека нема да има нова влада ако не им се даде она што Заев го понуди, што значи темелно менување и уривање на македонската држава и губење на унитарноста во единствената држава која Македонците ја имаат. Нивниот план се правила кои важеа за Косово пред отцепувањето од Србија, а кога тие правила се во сила како што покажа праксата – отцепувањето е прашање на време.
Според најавите, македонската победничка партија по изборите на 11 декември ќе биде уценета со низа предуслови од победничката партија кај Албанците за воопшто да почнат преговорите на идните владини партнери за формирање на новата влада. Ако партиите на Албанците учеснички на изборите на 11 декември не отстапат од позицијата „земи или остави”, можно е новата влада да биде без партија на Албанците, и Македонија да влезе во уште подлабока политичка криза, пишува Дневник.
Затоа, единствен сигурен спас од таа криза се 63 пратеници за македонската партија која нема да биде приморана на компромисите кои се наметнуваат по отворените и јавни уцени од страна на албанските партии. Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се децидни дека нема да прифаќаат уцени.
Сите четири албански партии кои реално имаат можност да влезат во собранието – ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Беса веќе се изјаснија дека без целосно прифаќање на нивните платформи ќе нема преговори за нова влада.
Извор: Инфомакс