Заев: “Јас не знаев дека Кичеец е на слобода”

Воопшто не знаев дек Зоран Милевски Кичеец имал право на користење на таков прекин на казната поради здравствени причини, тврди денеска премиерот Заев.

„Воопшто нема никакви протекции, јас не ни знаев дека имал такво право. Од медиумите за прв пат слушнав дека господинот Зоран Милевски имал право на прекин на казната. Потоа се информирав кај Директорот на Управата за санкции“ – вели премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Заев ги повика новинарите детално да го истражат случајот за да може сите граѓани да бидат информирани.
Зоран Милевски Кичеец минатата недела учествуваше во сообраќајна несреќа на Стража во која животот го загуби едно лице. Тој е правосилно осуден за случајот Рекет но во моментот користел прекин на казната поради медицински причини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.