Заев со честитка за работниците: “Вреднуван е трудот на работникот”- Му верувате ли?

Зоран Заев испрати честитка до работниците по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

Во денови кога работничките права се погазени и кога е нарушено достоинството на работниците, Заев упати честитка по повод Први мај- Денот на трудот. Само неколку дена по изјавата на министерката за финансии која посочи дека рецептот за зачувување на бизнисите е преку отпуштање на работниците, екс премиерот напиша дека овој ден е ден за признание на трудот, ден за уште поголемо залагање за правата на работниците.

Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Зоран Заев:

” Почитувани работници, вие сте моторот на македонската економија. На овој Први мај сакам да ви се заблагодарам за напорите што ги правите, за истрајноста што ја покажувате и за солидарноста која ве краси. Да продолжиме заеднички да се справуваме со kpизата што го опфати целиот свет и сигурно ќе ја извојуваме најголемата победа со тоа што ќе ги задржиме работните места.

Поради глобалната пандемиja од кopoнавиpycoт, оваа година, Денот на трудот го одбележуваме во несекојдневни, вонредни околности, во кои солидарноста, тој взаемен однос кон другите, кон работниците е темел на нашиот морал.

Се бopиме за работните места и за основен приход на секој наш човек. И свесни сме за ризиците. Синдикалните здруженија ја посочија опасноста од можни негативни ефекти врз работниците во приватниот сектор. Тука сме да им кажеме на сите: злoyпотребите не смее да се толерираат! Заедно ќе се бopиме против сите обиди за kpшење на работничите права или за загрозување на солидарноста.

Фер и праведно е сега фирмите да им обезбедат достоинствен приход на своите работници и да ги задржат на работа, преку помошта обезбедена од државата. Оние компании кои непречено функционираа и за време на кризата, фер и праведно е да ги наградат своите вработени кои и во вонредни околности посветено работеле и создавале. Тоа е солидарност, тоа е праведност.

Напредокот ќе го обезбедиме само ако работниците во нашата земја се вреднувани, мотивирани и почитувани, работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места. Тоа го потврдивме во изминатите 2,5 години, со низа мерки и политики кои го вреднуваат трудот. Се бориме за достоинството на работникот, ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500, ја покачивме просечната плата, а невработеноста ја намаливме на историски најмали проценти.

Денес, кога заедно се трудиме да го видиме крајот на здравствената kpиза, заедно со сите граѓани и сите работници се движиме кон новата нормалност. За да ја постигнеме целта, мора секој од нас да даде свој придонес, сите да ги почитуваме мерките и така да обезбедиме брана за опасната зapaза.

Нека ни е честит Празникот на трудот! #1Мај”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.