Заев со поддршка за Мерко и Дехари – Затоа СДСМ пропаѓа? (Видео)

СДСМ ја потврди поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата. Но, премиерот Зоран Заев рече дека во општините каде што има трка меѓу ДУИ и Движењето БЕСА, како во Тетово и Желино, ќе остават гласачите сами да одлучат кого да поддржат.

Запрашан зошто ќе го поддржи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за кого неодамна рече дека една од неговите најголеми грешки била токму поддршката за Мерко во 2017 година, Заев сега рече дека актуелниот градоначалник на Струга, се сменил.

Од друга страна и од ДУИ велат дека остануваат во соработка со СДСМ, но ги бараат гласовите и на сите останати граѓани. Албанската опозиција пак, продолжува со внатрепартиските консултации за можна соработка со БЕСА во Тетово, но и во некои други општини каде што се во втор круг со кандидати на ДУИ. Алијансата неколку пати ја потенцираше поддршката за кандидатот на БЕСА во Тетово, но првин треба да се испеглаат разликите што постојат со Алтернатива. Детали во моментов не даваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.