Заев се понуди да помогне во подобрувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија

Големо мнозинство од народот не би го поддржал предложениот референдум од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на договорот со Бугарија, убеден е екс-премиерот Зоран Заев, кој го потпиша во име на Македонија во 2017 година.

Тој и денес вели дека е исклучително горд на потпишанито договор, бидејќи смета дека градењето добрососедски односи меѓу двете земји е единствениот правилен пат, значаен и во евроинтеграциите…

-Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Македонија нема да го поддржат тоа,изјава – Зоран Заев – Поранешен премиер.

Заев е горд како што рече, не само на Договорот со Бугарија туку и на Преспанскиот договор со Грција бидејќи повторно го воспоставиле пријателството со двете соседни земји и додаде дека како поранешен премиер стои на располагање да пружи помош во градењето на добрите односи меѓу Скопје и Софија… Очекува и сега, како во 2019 година, да се направат потребни уставни измени и да се продолжи патот кон ЕУ..

Сметам дека тоа прашање, кое треба да се реши час поскоро. Хрватска која е земја членка на ЕУ на пример во нејзиниот Устав има 24 етнички заедници. Ние го разбираме бугарскиот Устав, тој е поразличен од нашиот Устав, е по линијата на Франција, САД и други, а ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа наскоро ќе го сториме и ќе чекориме кон отворање на поглавјата со ЕУ./ јас го сакам бугарскиот народ исто како што сакам македонскито народ,изјава – Зоран Заев – Поранешен премиер.

Поранешниот премиер, заедно со актулениот премиер Ковачевски, неколку министри и претседателот на Собранието Џафери, присуствуваше на Конференција на ФОН каде на европратеникот и известувач во ЕП за Македонија Илхан Ќучук му беше доделена титулата почесен доктор на науки, кој уште еднаш порача дека местото на сите земји од Западен Балкан е во Унијата.

-. Македонија оди по патот на НАТО и Европската Унија. Ја реализиравте големата цел, да бидете дел од НАТО и на тоа сите се гордееме, затоа што тоа означува пространство на сигурност, на заеднички вредности, сега следува уште еден голем чекор, а тоа е Европската Унија. Сите треба да помагаме со големи напори – и Бугарија и Грција и Хрватска и Романија, тие држави имаат преголемо искуство во пристапниот процес и во секој еден детал на членство во ЕУ. Западен Балкан треба да се врати во својот дом, а тоа е Европа,изјава – Илхан Ќучук – Европратеник и известувач во ЕП за Македонија.

Македонија следната недела ќе го започне т.н. скрининг процес како воведна фаза од преговорите за членство во ЕУ, а кога иницијативата за уставни измени, со која е условено отоврањето на поглавјата, ќе се најде во Собранието, се уште не е познато.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.