Заев: Просечната плата расте, парите одат кај народот

Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот, напиша тој.

Заев го објави статусот откако Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Во јуни 2018 години просечната нето плата била 24 203 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.