“Заев пред оставка? Ќе си достои на зборот?” (ВИДЕО)

На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, бидејќи референдумот не е успешен, односно не постигна цензус од над 50 отсто излезност, премиерот Зоран Заев рече дека нема намера да поднесе оставка.

– Рековме ако има еден глас против повеќе на референдумот, ќе понесам одговорност. Но, на референдумот повеќе од 600 илјади граќани гласаа за. Не само што нема да поднесам оставка, туку и имам обврска, Македонија да ја однесам во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Тој беше потсетен на негова изјава дека ако референдумот не успее тој ќе се повлече.

– Денеска имаме успешен референдум, најголемиот дел од граѓаните се изјаснија „за“ – рече Заев.

Претходно премиерот Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка доколку референдумот не успее.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та.

Во друга прилика, потврди дека ќе си замине бидејќи беше сигурен дека ќе има успешен референдум.

-Јас сум толку сигурен дека ќе успее референдумот во Република Македонија, што одговорот е ДА, ќе заминам. Ако не успее референдумот во Република Македонија, тоа значи дека едни од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да ги постигнам, убедувајќи го мнозинството од овој народ, рече Заев на 25.06.2018-та.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.