СДСМ и Зоран Заев со цел да ја одбранат Тиранската платформа која во целост ја прифатија, формираат свое контра „граѓанско“ здружение наречено „Легија на честа“ составено од докажани соросови активисти кои учествуваа во „Шарената револуција“.
Како што објавуваат соросовите медиуми, претседател на ова здружение е Зоран Димовски, а негов заменик е Југослав Петровски, инаку и двајцата отворени поддржувачи на СДСМ и Заев. Здружението формирало дури и свој Надзорен и Управен одбор, како и други тела и органи.
И Димовски и Петровски беа дел од таканаречената „Шарена револуција“ на СДСМ/Сорос која со месеци дивееше, палеше и уништуваше низ главниот град. Преку ова контра здружение на СДСМ, истите соросови активисти сега се вклучуваат за одбрана на Тиранската платформа, против Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која веќе два месеци мирно, гордо и достоинствено протестира низ цела Македонија.
Претседателот на здружението Зоран Димовски со Мухамед Зекири
Токму Југослав Петровски, кој директно учествуваше во соросовата „Шарена револуција“, а сега се јавува како заменик-претседател на ова здружение, пред неколку дена пишуваше дека ја поддржува Тиранската платформа, која според него, била одлична основа за разрешување на отворените дилеми.
-Значи јас Jugoslav Petrovski ја подржувам “тиртанската платформа“ – која, по мое мислење, е одлична основа за конечно разрешување на отворените дилеми при една здрава собраниска расправа и при таквата расправа што поскоро да се дојде до собраниски компромис и допринос – а за да до тоа дојде, прво треба да се избере: НОВАТА РЕФОРМСКА ВЛАДА!, пишува Петровски.
Дури и самите членови на таканареченото здружение признаваат дека 90% се членови на СДСМ.
Ова контра здружение СДСМ е формирано со цел да ја брани Тиранската платформа прифатена од Зоран Заев и да внесува раздор меѓу македонскиот народ кој веќе два месеци протестира против Тиранската платформа, која претставува вовед во федерализација на Македонија и разнебитување на унитарноста на државата.
Извор: ИНФОМАКС