Премиерот Зоран Заев се обрука откако на Твитер напиша дека Норвешка ќе дадела поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Тоа би било добра изјава, но премиерот заборави дека Норвешка не е членка на Европското семејство.
– Норвешка гледа сојузник во нашата земја и е подготвена да ја продолжи својата поддршка, бидејќи смета дека сериозно придонесуваме во европската агенда и дека сме посветени на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ – напиша Заев на Твитер.
Норвешка гледа сојузник во нашата земја и е подготвена да ја продолжи својата поддршка, бидејќи смета дека сериозно придонесуваме во европската агенда и дека сме посветени на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ – од средбата со норвешката премиерка @erna_solberg. pic.twitter.com/TGTt5eRJ2D
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) February 16, 2019
Инаку вчера Норвешка силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.
Претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг на средбата со Заев и посака добредојде на нашата земја во НАТО која веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на Алијансата.
Извор: infomax.mk