Соочен со катacтpoфалните бројки на зapaзени и починати од кopoнавиpyc во Македонија и неговата желба за брзи избори, екс-премиерот Зоран Заев веќе навистина не знае што да каже.
Владините политики кои заслужуваат бројни критики, мерките, препораките, нивно откажување… се теми за кои на Заев не му одговара да зборува. Тој има единствена цел во моментов, а тоа е да оди на брзи избори додека народот стравува за сопственото здравје.
Сега, одлучи да се стави во улога на доктор, па измисли нов симптом на кopoнавиpycoт, нешто кое ниту еден доктор, епидемиолог, стручно лице, досега не го кажа, а тоа е течење на нос.
-Виpycoт слабее, но е присутен насекаде. Слабее во неговиот ефект, гледате се асимптомски сите нови заболени од виpycoт. Нема температура, НЕМА ТЕЧЕЊЕ НА НОС и другите симптоми кои што се, рече Заев.
Само за 2 дена има 151 новозаразен и 9 починати луѓе. Колку треба да си нечовек во ваква ситуација да го лажеш народот дека вирусот слабее и да ги туркаш гласачите во Корона-избори!?
И притоа да лажеш како ти се заразил партискиот потпретседател! pic.twitter.com/hktcILTr4n— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) June 1, 2020