Заев: Не се откажувам од Тиранската платформа, претседателското место во Собрание оди кај ДУИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при денешното гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија потврди дека тој и СДСМ не се откажуваат од Тиранската платформа, замајувајќи ја јавноста дека немало платформи и декларации, туку имало само програма на новата влада.

zajko

Коментирајќи го изборот на нов претседател на Собранието, Заев потврди дека Талат Џафери ќе бил заеднички предлог на СДСМ и ДУИ за оваа функција. Заев посочи дека Џафери е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието на РМ, затоа што поседувал најголемо искуство во работењето на парламентот.

-Верувам дека има одлични шанси Џафери да биде претседател на Собранието, рече Заев.

Според изјавите на Заев во интервјуто, се потврди дека лидерот на СДСМ има исти ставови со неговиот партнер Зијадин Села, бидејќи Заев ја повтори изјавата на Села, дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски за малцинска влада, всушност ќе значело федерализација на Македонија.

-Повикот на Груевски за малцинска влада е федерализација. Ако Македонците формираат влада, каде ќе се Албанците?, рече Заев.

Фактите говорат дека она што СДСМ го заговара во моментов е мнозинството на Македонци да се исклучат од одлучување во државата, а моментално нема поголем доказ за федералзиација на државата од прифаќањето на Тиранската платформа, која според уставните експерти е вовед во редефинирање на државата.

Заев во интервјуто потврди дека ќе има нов закон за јазиците како дел од пакетот на Тиранската платформа. Заев вели и дека ќе отпочнел преговори со ЕУ, но останува нејасно  како ќе го направи тоа кога единствен услов е промена на името.

-И комесарот Хан и госпоѓата Могерини ни рекоа дајте ни причини, ќе отвориме претпристапен дијалог, поглавјата 23 и 24 ги гарантира дека ќе ги отворат. Тоа е преговори за нас, изјави Заев.

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.