Премиерот Зоран Заев денеска рече дека ќе нема нова aмнecтија во следниот период, додавајќи дека не верува ниту aмнecтирање од страна на претседателот Ѓорге Иванов чиј мандат наскоро истекува.
„Не верувам дека ќе има aмнecтија, нема потреба од такво нешто, и нема такви случаи. Ниту некој планирал aмнecтија. Делот на законот за aмнecтија се случи во рамките на помиpyвање, кога на државата и требаше 2/3 мнозинство за уставните измени. Парламентот нема потреба да посегнува во вакви работи. Не верувам дека никој од институциите ниту министерството, ниту претседателот Иванов ќе aмнecтира“, изјави Заев.