Заев му порача на Борисов: “Ајде да зрееме заедно”

„Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат“, му порача премиерот на Фејсбук, премиерот Зоран Заев денеска на бугарскиот колега Бојко Борисов откако тој вчера оцени дека Македонија требало „уште да зрее“ за да стане членка на ЕУ.

Во пораката до Бугарскиот премиер Заев додава:

„Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака.

За да успееме треба заедно да зрееме.

Пријателството мора да биде двострано и взаемно“, му напиша на Борисов премиерорт Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.