Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска викендов се омажи со својот партнер Виктор Станков, а свадбената веселба се одржа во познат скопски ресторан.
За најпосебниот ден Нина избра елегантна бела венчаница со корсет, а Виктор беше облечен во бел костум.
Меѓу гостите беа и поранешните премиер Зоран Заев и министер за здравство Венко Филипче.
Двојката се венча во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата.
Во 2019 година Нина стана министер за финансии, а сега е претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.