На ТВ дуелот кој многумина го очекуваа помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, во третиот дел каде се разговараше за надворешната политика и преговорите за името со Грција, се одвиваше најжестоката дебата.
Премиерот Заев истакна: “Ние мораме да бидеме максимално креативни”, на што Мицкоски го потсети Заев на неговите изјави за непромена на Уставот на државата во врска со преговорите со Грција за промена на државното име.
Нa тоа Заев одговори дека постои транспарентност во целиот процес, без притоа да одговори зошто е прифатена промена на Уставот на државата и принципот “ерга-омнес” на кој атакува Грција во преговорите.
“Знаете ли кој е најголем капитал за една држава? Народот! Вие со вашите егзибиционистички настапи го срушивте тоа што беше градено 25 години, вие мислевте дека имате решение, вие немате ништо!”, истакна меѓудругото Мицкоски.
“ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав со цел промена на уставното име, тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и мој став” – додаде Мицкоски.
Мицкоски му порача на Заев дека граѓаните очекуваат да ги реализираат ветувањата кои им ги дадоа.
“Тоа е нивниот сон, а вие треба да се разбудите од вашиот. Тоа се постигнува со засукување на ракави и многу работа”, кажа Мицкоски.