Заев излажа и за бројот на гласачи во избирачкиот список (ФОТО+ВИДЕО)

ДИК потврди дека Заев лажел и две години ја држи земјата во заложништво со измислени фантоми. Според најновиот прес на ДИК : Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6. Во последниот список од 2014 имало 1.780.128 гласачи, што значи дека со последните бројки на ДИК, станува збор за само 3000 гласачи повеќе. Со оваа паднаа во вода лагите за 500.000 фантоми.

 

301020-dogovor-za-dik-i-izbirachki-spisok-kavga-za-dijasporata-640x426

Како кула од карти се срушија сите конструкции на СДСМ за бројот на гласачи во избирачкиот список. ДИК  после сите спроведени проверки и прочистувања го утврди она кое што сите го знаеја, дека бројот на гласачи во избирачкиот список денес е идентичен со  бројот на гласачи во избирачкиот список пред предвремените парламентарни и претседателски избори во 2014 година.

 

Конструкциите на СДСМ за бегство од избори , кои самите ги бараа по 2 годишната криза во која ги втурнаа државата и граѓаните, почнаа со лагата дека во избирачкиот список имало  фантоми , т.е. непостоечки гласачи, па се свртеа  200.000 , па 300,000 , па 150.000 на фантоми и така ги свртеа сите бројки од 100.000 до 500.000 мислејќи дека ќе ја збунат јавноста со лагите и манипулациите од кујната за интриги на Бихаќка.

sdsm-soopstenie-622x1280

Медиумите под контрола на СДСМ, а финансирани од Сорос се погрижија манипулацијата на СДСМ максимално да ја покријат на нивните портали и дневни весници, па така новинарот Бранко Героски, главен уредник на дневниот весник „Слободен печат“ пишуваше цели „анализи“ за да ја поткрепи лагата на СДСМ.

geroski-sloboden-pecat-1-640x1224

Во целиот изминат период тие во јавноста изнесуваа манипулации дека во Македонија нема повеќе од 1.600.000 жители, за подоцна да ја надградат манипулацијата дека бројот на гласачи не е поголем од 1.500.000, во таа насока објавуваа и партиски соопштенија со кои сакаа да внесат дополнителна конфузност кај граѓаните.

По одреден период зачестија настапите на Дамјан Манчевски и Оливер Спасовски каде координирано се обидоа да ја манипулираат јавноста дека во Македонија нема повеќе од 1,500,000 гласачи, конструкција која се покажа како целосно неточна.

Сите конструкции дефинитивно им се потопија во вода, а ги потопи ДИК, чиј што Претседател Александар Чичаковски е предложен од самиот СДСМ. ДИК на  вчерашната јавна седница официјално потврди дека бројката на запишани гласачи во избирачкиот список на Р.М. за претстојните предвремени парламентарни избори изнесува 1 783 715 гласачи, што е за нијанса повеќе од бројот на гласачи во 2014 година кога бројот на гласачи изнесуваше 1.779.572. Доказ дека ниту имало ниту има фантоми во избирачкиот список и дека се било само манипулација  на Зоран Заев и СДСМ кои очајно се обидуваат да избегнат избори.

 

Портпаролката на ДИК по вчерашната јавна седница, околу бројот на спорни записи изјави:

„Сите 29.858 граѓани на Р.М. чии што записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има не совпаѓање на податоците во избирачкиот список , а кои не се пријавија во периодот од 26 Јули до 19 Август ќе можат да се пријават во избирачкиот список во периодот додека трае јавниот увид од 28 Октомври до 11 Ноември. “

Имено во „спорните“за ДИК гласачи се најдоа познати и помалку познати личности, сите вистински , а не фантомски гласачи како што СДСМ се обидуваше да претстави, помеѓу нив ги има имињата на : Активистот на „Шарената револуција“  на СДСМ Мирјана Најчевска, музичарот Коста Бургов, академик Зузана Топоњинска, адвокатот Игнат Панчевски.

Граѓаните се изморени од сите лаги и манипулации кои СДСМ сакаше да им ги продаде како вистина, граѓаните сакаат чесен пристап , а не обиди за замајување и кризирање на државата, поради тоа повеќе од јасно е дека ваквиот манипулантски пристап на СДСМ ќе биде казнет од граѓаните на претстојните избори.

Извор:КУРИР

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.