Зоран Заев во интервју за Радио Канал 77 и рече дека не се кае поради неговото неодамнешно интервју за бугарската агенција БГНЕС.
– Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Јас како струмичанец се сеќавам на свиждањето за да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот.
Наместо „бугарски фашистички окупатop“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“. Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, рече покрај другото Заев.