Заев: Дали Груевски доброволно заминал од државата или бил киднапиран, очекувам одговори (ВИДЕО)

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран? Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.

-Ќе направиме се, господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија. И јавно го поставувам прашањето – знаејќи вака, како се случувале работите, дали тоа доброволно господинот Груевски ја напуштил Македонија, пред да биде издадена наредбата за негово приведување пред суд или па можеби бил киднапиран очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори, рече Заев.

Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.

Премиерот Зоран Заев прашањето го поставува на 43 минута од видеото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.