Заев: Го чекаме Груевски на бел коњ – „Налудничав“ му врати Груевски

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека пресудата на Апелација со која се укинува пресудата на Сашо Мијалков за масовно прислушување е исмевање на борбата за правда. Заев утрово во објава на фејсбук прашува дали следно е враќање на Никола Груевски на бел коњ, а Мијалков да стане директор на АНБ.

„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, напиша Заев и ги повика сите надлежни да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сè виновниците да одговараат бидејќи „за нивните злодела има докази чисти како ден“.

Се јави и Груевски на Фејсбук. Тој напиша:

Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината.

Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.

За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.

И сета таа налудничавост ја тераш без трошка срам уште и силно верувајки дека народот во Македонија и насекаде е толку многу глупав , толку многу лесно се лаже, па штом молчи значи дека ти верува дека си чесен и дека се бориш за него.

И по некое време одкога ќе одслужиш и ќе ти кажат “доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.