Заев ги избегна Еурокомпозитци… ја смени рутата за да не ги виде?

Премиерот Заев денес беше во Прилеп да отвори уште еден капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, покрај добрата вест, односно отварањето на пречистителната станица која ќе го направи Прилеп еден од најчистите градови во регионот, во центарот на градот “еурокомпозитци” штрајкуваа и си ги бараа работничките права.

Измамени и револтирани одлучија во Прилеп да се соочат со премиерот да го прашаат што се случи со неговото ветување.

Имено, Заев пред 9 месеци им вети дека „Се разгледува можноста за системски решенија за трајно решавање на егзистенцијата на вработените во Еурокомпозит“. Но денес немаше храброст да се сретне со револтираните работници и случајно или не ја промени рутата.

Вработените на “Еурокомпозит” од денес штрајкуваат и пред Владата барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси. Тие поставуваат и шатори и велат дека ќе останат таму се додека не се исполнат нивните барања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.