Заев во ОH: За првпат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија (Видео)

Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија беа главните теми на премиерот Зоран Заев во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации

-Мојата земја е членка на Обединетите Нации од 1993 година, но денес за прв пат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија. Оваа година стапи во сила Спогодбата од Преспа, со што се реши 27- годишната разлика што ја имавме со Грција.

Со овие зборови на македонски јазик премиерот Зоран Заев го почна своето обраќање од говорницата на Обединетите нации во Њујорк каде се одржува 74. Генерално собрание на меѓународната организација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.