Црквата и свештените лица, особено овие денови, посебно апелираат за тоа како треба верниците да се однесуваат за Задушница и што е потребно да се носи кога се оди на гробишта.
На Задушница да се носи само лепче, пченица, црвено вино и свеќи, велат свештениците. Тие велат ако сакате да носите храна, тогаш истата да ја дадете на сиромашни.
Со ваков апел излегоа свештениците на ден пред Задушница раководени од искуството дека луѓето со изговорот „да се најде пред покојниот“ носат големи количини на храна на гробовите и прават помпезни настани од самата Задушница. Покојните имаа потреба само од молитви, велат свештениците.
-Здраворазумно е дека покојните немаат потреба од храна, а знаеме дека на овие денови изобилно се носи храна и се раздава. Нашиот апел е не да се дава храна на оние кои се најадени, туку на оние кои што се гладни и економски слаби. Покојникот има потреба единствено само од молитва, велат свештениците.