Загрми цел Прилеп: Момчиња и девојчиња од Битола на тапани ја воодушевија публиката на фестивалот “Пеце Атанасовски” (ВИДЕО)

Вчера во Прилеп и денеска во Долнени на Рудина се одржува 49-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Фестивалот годинава има над 300 учесници од сите краишта на земјава и од соседството, кои ги грмнаа гајдите, кавалот, зурлите, тапаните…

Македонскиот фолклор несомнено располага со огромно богатство, но она што остави најголем впечаток кај публиката беше настапот на младите тапанари од Фолклорниот ансамбл “Гоце Делчев” од Битола.

Момчиња и девојчиња со тапан ги воодушевија присутните, а силниот звук на тапанот одекнуваше низ цел Прилеп.

Погледнете ги во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.