Пред неполн месец заврши четврта сезона на македонскиот сиктом „Преспав“.
Актерите со нивните ликови во серијата успеа уште еднаш да го привлечат вниманието на публиката и да ги срушат сите рекорди.
Талат, Ула, Марио, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Исаура, Коста…сите со свои карактеристики успеа да ја насмеат публиката, но и да го задржат нејзиното внимание.
На ТВ екраните имаме прилика да го гледаме крајниот резултат од снимањата, но зад камерите се случуваат и многу „грешки“ и смешни моменти.
Такви смешни случки имаше токму во „Преспав“, па актерите освен што снимаа, имаа прилика и да се дружат и да се смеат.
Меѓутоа, дефинитивно најсмешен е ликот на Талат кој го игра актерот Дритон Вејсели.
Во продолжение погледнете го „making off“ на „Преспав“:
Инаку, фановите веднаш започнаа и со прашања дали можеби ќе има и петта сезона, а одговорот гласеше:
„Олабавете другари, сите сакаме да има петта и пееста сезона“, гласи коментарот од „Пансион Преспав“.
Па, дали ќе има уште една сезона на „Преспав“ останува да видиме.