Заврши турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2018”

Со натпреварите за првото и третото место, синоќа во Прилеп заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“, кој годинава се одржа по осми пат. Победник на турнирот е екипата на „Марфил“, која во финалето ја победи екипата на „Зоки Лим“ со 5:0.

„Со добра и одговорна екипа и игра се освојува титулата. Играчите се залагаа до последната минута и заслужено ја освоија победата. Благодарам на организаторите за добрата организација и догодина се гледаме уште подобри“, изјави Maкедонче Дуртаноски, капитен на екипата “Марфил”.

„Прво сакам да се заблагодарам на организаторот на овој прекрасен турнир, на публиката, бидејќи од самиот почеток на турнирот доаѓаше во голем број. За мене ова е трета година по ред што доаѓам овде и трета година како го освојуваме првото место“, изјави Мартин Тодороски од екипата на „Марфил“, кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Најдобар стрелец е Дарко Ранготов од екипата на „Фенербахче“, која на турнирот го освои третото место. За најдобар голман е избран Иван Стојановски од екипата на „Марфил“, кој во нокаут фазата и во финалето остана без примен гол.

„Ова навистина се случува многу ретко. И минатата година ја добив наградата за најдобар голман. Благодарам на организаторите за добрата организација. Мислам дека ова е еден од најдобрите турнири во Македонија“, вели Стојановски.

Првопласираната екипа доби парична награда во висина од 160.000 денари, второпласираната 90.000, а наградата за третото место изнесуваше 60.000 денари.

Извор: www.prilep.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.