Заврши турнирот во баскет „Гоце Делчев“, кој се одржа во спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески Ричко“. Најдобрите три екипи беа наградени со вредносни ваучари за спортска опрема, од 9.000 ден, 6.000ден и 3.000 денари .
Наградите ги додели градоначалникот г-дин Марјан Ристески, кој го оцени турнирот во баскет како одлична можност за дружење, спортување и натпреварување, меѓу младите. Турнирот во баскет „Гоце Делчев„ се организираше по повод 60 годишнината од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот „Гоце Делчев“.