Заврши тестирањето на вработените во градинките во Прилеп: Сите се негативни

Од Центарот за јавно здравје информираат дека резултатите од направениот скрининг на вработените во детските градинки во општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани, покажаа дека сите 242 вработени се негативни на коронавирус.

Поединечно по општини тоа изгледа вака: Прилеп 192, Крушево 21, Македонски Брод 24 и Кривогаштани 5.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.