Заврши денешната седница на Управниот суд. Советот составен од 5 члена разгледа 2 од приговорите на СДСМ.
Одлуките ќе бидат донесени во рок 24 часа.
Пред Управниот суд приговори по одлуките на ДИК поднесоа СДСМ, која поднесе 4 приговори и ВМРО-ДПМНЕ со еден.
Утре ќе бидат разгледани и преостанатите два приговора на СДСМ, како и едниот на ВМРО-ДПМНЕ.