После 17 натпреварувачки денови и безмалку 50 одиграни натпревари, синоќа заврши традиционалниот ноќен турнир во Кривогаштани.
После двегодишна пауза, поради изградба на ново повеќенаменско игралиште во Кривогаштани, традицијата продолжува. Повторно игралиштето е собиралиште на сите генерации желни за фудбал.
Рекордниот награден фонд ги привлече фудбалерите ширум државата да бидат дел од овогодинешното издание на кривогаштанскиот турнир. Oпштината го имаше главното покровителство на турнирот каде помогнаа и локалните фирми за реализација на успешен турнир.
Екипата на “Партизан” го освои првото место на турнирот победувајќи ја екипата на “Чао Кафе” со 3-0, со што освои 60.000 денари, додека екипата на “Чао Кафе” заработи 30.000 денари. Во малото финале за 3 место борбата се одвиваше помеѓу екипите на “Бучин” и “Роз Руб Транс”, каде поуспешна беше екипата “Роз Руб Транс” со 5-2, со што освои 15.000 денари.
Градоначалникот на општината, Тони Заткоски, и гостинот од агенцијата за млади и спорт доделија Благодарници на судиската организација на турнирот, како и Признание за посебен придонес во долгогодишната децениска организација на турнирот на Веле Дунимаглоски.
Индивидуалните награди ги понесоа Велески Оливер од екипата на “Чао Кафе”, за најдобар голман на турнирот и играчот на екипата на “Роз Руб Транс”, Веле Пејовски за најдобар поединец на турнирот, за што градоначалникот на општината им врачи признание и статуетка за освоените одлики.
Изразуваме благодарност до сите овогодинешни учесници на турнирот и со желба за уште една успешна организација. Догодина се гледаме на истото место.