Заврши најмасовното македонско фудбалско натпреварување во Австралија: Сонцето од Кутлеш го красеше теренот во Квинбијан (Видео)

Изминатиот викенд од 26-28 јануари се одржа најголемиот македонски фудбалски куп во австралискиот град Квинбијан.

На натпреварувањето учество зедоа триесетина македонски клубови од сите страни на австралискиот континент.

Купот беше насловен како “МАSO CUP 2019” и за прв пат се одржa во овој австралиски град.

Најуспешни беа екипите: Rockdale City Suns FC во машка конкуренција и во конкуренција на екипи до 20 години, Wollongong United FC во женска конкуренција и екипата на Yagoona Lions FC во мастерс конкуренцијата.

Голем број љубители на фудбалот го посетија турнирот и уживаа во богатата фудбалска понуда.

Турнирот го одбележа сонцето од Кутлеш кое беше исцртано на средината од фудбалскиот терен.

Ви пренесуваме дел од атмосферата и декорацијата на теренот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.