Викендов се одигра најголемиот досега турнир во табла во Прилеп. Натпреварите се играа во едно од омилените места на младите во центарот на градот, Coffee My Place (Бизнис центар – приземје).
Се играше на 5 добиени, а фрлањето на заровите беше од чаша.
После бројните натпревари во изминатите два дена, вечерва се познати и најдобрите таблаџии.
Во малото финале за трето место се сретнаа Дејан Нортоно Ристески и Пецко Андоноски, при што Ристески беше подобар и ја освои третата награда во вредност од 3.000 денари.
Во големото финале за главната награда од 10.000 денари, играа Мите Дамјаноски и Даме Пирганоски. Пирганоски издвојува победа и ја освои главната награда во висина од 10.000 денари.
Дамјаноски како второпласиран освои 5.000 денари.
Најдобрите тројца беа наградени и со пакет производи од прилепското царство на вкусови, ВИТАМИНКА, а организаторите пакети од своите спонзори обезбедија и за сите четвртфиналисти.
Турнирот беше поддржан од: Прилепска пиварница, Витаминка, пицерија Академи, Паренцо, Нептун, ЈК Травел, Porchella, бутик Аполо, теретана PROFESSIONAL и продавница за играчки Тргачо, како и од медиумските покровители “МАРКУКУЛЕ” и “ИНФО КОМПАС”.
Честитки за најдобрите, а на организаторите им посакуваме уште повеќе вакви турнири и дружења во иднина!