Заврши меморијалниот турнир во фудбал “Јамајка”: Деветта година по ред во чест на Павле Кочоски

1

Во чест и спомен на Павле Кочоски чиј живот прерано згасна, деветта година по ред, неговите другари и пријатели го организираат овој меморијален турнир во мал фудбал “Јамајка”. Овој  турнир од година во година е се подобар и поорганизиран, а организаторите се надеваат дека за скоро време ќе прерасне во еден голем спортски настан.

Турнирот започна на 15 октомври, во новата салата од основното училиште “Добре Јованоски”, а натпреварите продолжија до 20 октомври во спортската сала “Македонија”.

2

3

На финалниот ден се одиграа натпреварите на трето место, а веднаш по церемонијата за доделување на благодарници на спонзорите, се одигра и финалниот меч.
За третото место се сретнаа “Павле 2007” и “Клуб Рефреш”, резултатот 5-4.
Во финалето “Теа Андреа” го порази “Џек Пот” со 4:0.
4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.