Заврши деветтото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2019”: Победникот се решаваше со пенал рулет

ФОТО/Радио Пела

Екипата на Фенербахче е победник на овогодинешното деветто издание на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2019”.

Во големото финале Фенербахче се сретна со екипата на Бучин, каде по регуларните минути резултатот на натпреварот беше 2:2, па пенал рулетот беше решавачки за победничкиот трофеј.

Третото место на турнирот го освои екипата Теа Андреа кои триумфираа исто така на пенали против Ресторан Путник, откако во регуларниот тек натпреварот заврши нерешено 1:1.

По завршувањето на натпреварите беа доделени и индивидувалните награди.

Најдобар играч : Ѓорѓи Стрезовски од екипата на ФК„БУЧИН“

Најдобар стрелец : Дарко Ранготов од екипата на ФЕНЕРБАХЧЕ

Најдобар голман : Антонио Петровски од екипата на ФЕНЕРБАХЧЕ

Наградниот фонд годинава изнесуваше 330 000 денари а дел од средствата одат во хумани цели за лекување на малиот Дејан Најдоски, кој со неговите родители присуствуваше на големото финале, каде ги стопли срцата на прилепчани со неговата истрајност и битка за среќно детство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.