Направивме комплетна санација на дел од патот Прилеп-Кривогаштани – Крушево кај село Славеј со што завршивме голема работа иако станува збор за санирани 920 метри, напиша на Фејсбук директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.
Овие метри се од исклучително значење за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот која нам како ЈПДП секогаш ни е на прво место. Беше комплетно саниран трупот на патот со изработка на камени колови Ф800, поставување на геотекстил и геокомпозит, изработка на насип од кршен камен, изработка на тампон и поставување на асфалтни слоеви БНС 22 сА и АБ 16 и се изврши изработка на преодни плочи на објекти. Денеска заедно со заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, како и советници од општините Крушево и Кривогаштани бев на лице место да се уверам во квалитетот на сработеното од страна на Стентот Градба-Битола и надзорот ГЕИНГ, истакна Трајановски.