Завршена изградбата на капелата на старите градски гробишта во Прилеп (ФОТО)

Конечно дојде крајот на долгогодишните напори и заложби за изградба на капела на старите градски гробишта во Прилеп, објектот сега е ставен во употреба.

-Капелата денес, на симболичен начин, беше предадена од страна на Здружението за заштита и обнова на старите градски гробишта Прилеп и Варош на Локалната самоуправа. Во името на Општина Прилеп упатувам искрена и длабока благодарност до членовите на Здружението, кое е основано во 1992 година и активно делува од 1998 година. Нивната упорност, визија и посветеност во изминатите децении резултираа со реализација на сите поставени цели — вклучувајќи го и овој значаен објект. Вашата општествена одговорност е пример за сите нас.
Остануваат уште неколку административни постапки кои треба да се довршат од страна на Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“, по што објектот ќе биде официјално ставен во функција
– напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.