Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј продолжува со заштита на манастирскиот комплекс Трескавец, кој е споменик на културата од 14 век. Стручните екипи подготвуваат проект за заштита на најстарите и автентични градби, црквата, трпезаријата и магерницата, по извршените истражувања во рамки на археологијата, архитектурата и ѕидното сликарство во црквата и трпезаријата, магерницата,.
Министерството за култура соопшти дека се почнати активностите на конзервација, реконструкција и реставрација на опожарените конаци на Трескавец.
Комплексот Трескавец е значаен културно-историски споменик изграден под Златоврв. Комплексот, кој е подигнат врз постаро култно место, го сочинуваат црквата Успение на Пресвета Богородица, изградена на темелите на ранохристијанска базилика, старата трпезарија, конаците со кулата, камбанаријата над влезот и други помошни згради.
Извор: Неделник Зенит