Забранет му е влез во Македонија, ама најави дека ќе правен панихида за Мара Бунева и во Прилеп

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија, кој има забрана за влез во Македонија, повикува на панихида за Мара Бунева во недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија. Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Пред две години, на панихидата за Мара Бунева во Скопје, зборуваше бугарскиот европатеник Ангел Џамбаски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.