“Заборавена земја” – Maриово: Како дозволивме да запре животот во еколошки најчистата средина во Македонија (Видео)

Ново видео од “Фан Продукција – Зоран Пилата”

Прекрасно изработен краток филм од прилепскиот дел на Мариово, насловен како “Заборавена земја”, e најновото дело на студиото “Фан продукција – Зоран Пилата”.

Низ одлично доловени кадри е отсликан животот денеска во најголемото мариовско село во прилепскиот дел Витолиште, кое до 2004 година беше седиште на истоимената општина.

Недопрена природа, реката Црна, прекрасните планински пејсажи, голем број на цркви и манастири, се само дел од богатствата на еден од најголемите региони во Македонија.

Освен природните убавини, во филмот се прикажани и голем број напуштени и разурнати куќи, кои наликуваат на оние од контаминираната зона во Чернобил. Семејни фотографии, покуќнина, садови за домаќинство … оставени, наоколу прашина и пајажини … спомени за едно време кога тука живееле семејства и растеле деца.

Мариово во 1961 година броело 13400 жители, а денеска во сите населени места има едвај 290 жители.

Погледнете 8-минутното видео во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.