Oсмоодделенката Кирана Иваноска го освои првото место на светскиот фестивал WAF CONTEST 2023 кој синоќа се одржа во хотел Хилтон во Скопје.
Натпреварот е организиран од “Светска асоцијација на фестивали- WAF“, а Кирана е втората ученичка од ООУ “Климент Охридски” од Прилеп која освои место на истиот.
Претходно информиравме дека и 12-годишната Михаела Пурдеска, ученичка во петто одделение во истото училиште освои второ место во нејзината категорија.
Натпреварувачите беа поделени во 5 категории, а на сцената учество зедоја напреварувачи од сите балкански земји, како и Словачка, Украина Казахстан, Чешка, Полска, Австрија и др.
Честитки за големиот успех и желби за уште поголеми достигнувања во иднина!