Во Хрватска постојат околу 800 секти, а правно гледано на жртвите никој не може да им помогне.
“Мојот син имаше само 14 години кога замина на некакво предавање за јога. Запознал некоја стара жена, а јас забележав дека почнува да се повлекува во себе. Често одеше на нивните состаноци. Потоа замина во Италија и веќе беше полнолетен кога ми прати порака :” Одам сега и повеќе не се враќам. Ова е мојата фамилија”. Сега знам дека во таа секта тој е роб. Работи за 100 евра џепарлак, а пасошот му го одзеле. На мојот син му го “испрале” мозокот а јас не можам да го вратам”.
Ова е приказната на една мајка која не успеала да го извлече своето дете од верската секта.