Во дерби натпреварот од 9тото коло, во Супер лигата за жени, екипата на ЖРК Вардар јуниор си замина со бодови од Прилеп. Резултатот од натпреварот 17-22. Вардарки го контролираја натпреварот од почетокот до крајот. Највисоката предност беше 7 гола, но со притисок од публиката, екипата на ЖРК Прилеп беше охрабрена и стигна до помала разлика на неколку наврати.
Она што беше клучно во целиот натпревар беше одлично расположениот голман во екипата на Вардар јуниор, чии што одбрани на многу пати предизвикуваја нервоза кај Прилепчанките.
Сепак екипата на ЖРК Прилеп привлекува се повеќе внимание, што можи да се забележи по зголемувањето на присуството на трибините.
Постои голема желба за докажување кај сите ракометарки, постои жар, но недостасува можеби искуство за поголеми натпревари. Се надеваме дека тој напредок ќе оди во нагорна линија и дека победите ќе се редат.