„Газета дело Спорт“ пишува дека Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Јувентус, ги советува челниците за наследникот на Масимилиано Алегри.
Фаворит на Португалецот е неговиот сонадорник и поранешен соработник од Реал Мадрид, Жозе Мурињо.
Покрај „седумката“ на италијанскио првак, за овој избор на тренер притиска и неговиот агент, Хорхе Мендеш. Тој исто така го застапува 56-годишниот стратег кој се надева дека наредната сезона ќе му се врати на фудбалот.
Конкуренти на Мурињо ќе му бидат Синиша Михајловиќ и Симоне Инзаги. Се споменува и името на Антонио Конте, но Италијанецот најверојатно ќе се пресели на клупата на Интер.