Жител од прилепско со автомобил се судри со полициски “шевролет”

-На 26.07 2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека околку 19.00 часот на ул.„Архиепископ Доситеј“ во с.Крушеани, општина Кривогаштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(32) од с.Крушеани и патничко возило „шевролет“, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобил Н.Ѓ., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.