На 07.12.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Прилеп Е.А.(40) од с.Лажани, прилепско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Е.А.(17).
По кажување на пријавителот, таа заминала со Д.С. во с.Црквино, велешко, со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – стои во соопштението од МВР.