Жителите од општина Кривогаштани на протест: Блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево кај Врбјани

Во 08.50 часот започнат е ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани, информираа од АМСМ.

– Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09:10 часот сообраќајот е блокиран во двата правци, соопштија од АМСМ.

За протестот на жителите од општина Кривогаштани утрово пишуваше и новинарот Зоран Момироски:

-Нови протести вчера започнаа, а денеска ќе продоложат, но и незадоволство за стари проблеми за жителите во Општина Кривогаштани. Поради реконструкција на патот Прилеп – Крушево изведувачот на градежните работи ,,Стентон,, бара околу 45 дена да го затвори патот од Славеј до Кривогаштани поради довршување на работите на двата моста кај селото Врбјани. Тоа значи дека сообраќајот пак ќе треба да се пренасочува преку Боротино – Обршани – Кривогаштани. Земјоделците од населените места од Општина Кривогаштани не го прифаќаат предлогот, бидејќи се во тек земјоделските работи, а ,,Стентон,, да понуди прифатливо решение на проблемот – напиша Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.