Жителите на ул. “Прохор Пчински” во Прилеп конечно нема да живеат со страв – Започна изградбата на потпорен ѕид (ФОТО)

Општина Прилеп започна со изградба на потпорен ѕид на улицата “Прохор Пчински” во населбата “Рид”, решавање на инфраструктурен проблем за кој жителите од оваа улица во градот долго време чекаа и живеа во страв дека нивните домови секој ден се загрозени.

-Овој зафат е од особено значење за жителите на ова подрачје, бидејќи токму тие со години се соочуваа со нестабилен терен и реална опасност од одрони. Како Локална самоуправа остануваме посветени на тоа да инвестираме во трајни решенија, да ги подобруваме условите за живеење и да изградиме поубав и побезбеден Прилеп за сите – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.