Жителите на УЗ „Ѓогдере“ – Прилеп ќе добијат нов парк

BeFunky Collage

По барање на жителите од УЗ „Ѓогдере“, започнаа подготовките за изградба на парк помеѓу зградите. Градоначалникот Марјан Ристески и Бранко Нешкоски директор на ЈП за ПУП, викендот ја посетија УЗ „Ѓогдере“  и направија увид на роботите.

slika6

slika5

slika4

„Денеска сме во работна посета на УЗ „Ѓогдере“, овде наскоро ќе има преубав парк кој што ќе биде едно вистинско освежување за овој дел од градот, паркот комплетно ќе биде уреден со нови патеки, детско игралиште, нови канделабри, корпи за отпадоци, водени површини“, посочи грдоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.

slika3

slika2

slika1

_MG_9633

„УЗ „Ѓогдере“ ќе добие нова парковска површина на 1.000 м2 и ова е прва фаза на оваа парковска површина, а со втората фаза ќе биде опфатена спротивната страна на паркот, која ќе содржи голем број на спортски реквизити како што се баскет игралишта, маси за пинг понг, игралиште за мал фудбал“, посочи Бранко Нешкоски директор на ЈП за ПУП.

Оваа инвестиција ќе чини два милиони денари, средстава обезбедени од ЕЛС Прилеп, а наскоро ќе започне и доуредување на паркинзите кај зградите во оваа урбана зедница како и разеленување на површините околу зградите, најави градоначалникот Ристески во својата изјава.

_MG_9594

_MG_9592

_MG_9625

_MG_9613

_MG_9604




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.