Повеќе од 2 години живеea без струја. Исклучена им беше поради заостанат долг од околу 220.000 денари. Во овие зимски услови се топлеа само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата. Без купатило, личната хигиена ја одржуваа капејќи се дома во метално корито, а на сличен начин миеја садови.
Мувлата беше декор на сите ѕидови во куќата, а скршените прозорци ги покриваа со кебиња за да не им студи. Македонка Ѓорѓева, нејзиниот син и мајката Зорка, жвеат само од пензијата и мала социјална помош, но од неодамна се случи пресврт во нивните животи.
Од емисијата “Вип на еден ден” по дојава на членовите од Здружението “Надеж” го посетија семејството и се уверија во нечовечките услови во кои живеат Македонка, нејзината мајка и нејзиниот син.
После сторијата на емисијата животот на семејството Ѓорѓеви од Прилеп започна да се променува на подобро.
Со помош на хумани граѓани и неколку фирми се реновираше домот на семејството, а Македонка доби целосна трансформација.
-Нов почеток за Македонка и нејзиното семејство. Се надеваме дека со сменетиот физички изглед Македонка многу полесно ќе дојде до постојано вработување а реновирањето на домот ќе биде одличен почеток за сосема нов старт!, напишаа од “Вип на еден ден”.
Видеото од трансформацијата на Македонка можете да го погледнете ТУКА
За семејството Ѓорѓиеви се собрани сите потребни средства, а сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, а не знаат каде, нека го контактираат Здружението “Надеж” на нивниот Фејсбук профил или редакцијата на “Вип на еден ден”.