Се проценува дека Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелегенција 160, Исак Њутн 190, а Марк Закерберг 152. Ове луѓе се познати како едни од најголемите генијалци во светот.
Меѓутоа, имало човек за кој се верува дека имал коефициент на интелегенција меѓу 250 и 300. Дали некогаш сте слушнале за Вилијам Џејмс Сидис?
Станува збор за човек кој своевремено го сметале за “чудо од дете”. Бил брилијантен математичар, најителегентниот човек во историјата, полиглот и надарен писател. На само осум години зборувал 8 јазици.
Вилијам е роден во Њујорк 1898 година. Неговиот татко Борис бил угледен психолог кој се гордеел со неговите четири дипломи од Харвард. Мајка му била лекар. Неговите родители биле паметни и успешни луѓе, а истото се очекувало и од Вилијам. Но, тој ги надминал очекувањата и докажал дека е далеку над просечните луѓе.
На само 18 месеци можел да чита весници. До осум години научил латински, грчки, француски, руски, германски, хебрејски, турски и ерменски јазик. Освен тоа, малиот Вилијам измислил сопствен јазик и го нарекол Вендергод.
Свесен за натпросечната интелегенција на својот син, Борис Сидис се обидел да го запише на Харвард, но го одбиле, бидејќи Вилијам имал само 9 години. Две години покасно, 1909 година, Унивезитетот ја прифатил молбата и Вилијам станал најмладиот студент во историјата на Харвард. До 1910 година неговото познавање на математиката толку многу се зголемило што професорите го оставале да предава на часовите. Го нарекувале чудо од дете. До 16 години се стекнал со диплома за уметност.
Позато е дека славата може да создаде голем напор и терет, особено ако ја стекнете во раните години од животот. Набрзо по дипломирањето, Вилијам изјавил пред новинарите дека сака да живее “совршен живот”, што според неговото мислење е осаменички живот. Тој рекол дека никогаш нема да се ожени.
Бидејќи бил угледен и познат, таткото на Вилијам од него сакал да направи ѕвезда. За да го постигне тоа, започнал да го применува своето знаење од психологијата врз младиот Вилијам, а со тоа му создавал голем притисок.
Иако Вилијам уживал во учењето како дете, покасно неговото мислење се променило и за се го обвинувал неговиот татко. Колку бил лут на татко му говори и фактот што тој одбил да појде на неговиот погpeб во 1923 година.
Вилијам како и сите други генијалци, не сакал да се истакнува себе си. Работел слабо платена и обична работа. Се вработил како помошник свештеник, но луѓето и понатаму го препознавале, па ја променил таа работа. Во 1924 година новинарите откриле дека Вилијам работи слабо платена физичка работа, но овој пат хвалоспевите за бунтовниот генијалец се изостриле- сега новинарите го исмевале некогашното “чудо од дете”.
Секако, Вилијам не ја изгубил генијалноста, што потврдуваат и големиот број на книги со непроценлива вредност кои ги напишал и издавал под лажни имиња.
Во 1919 година тој бил yaпceн на протест во Бостон и бил ocyден на 18 месеци затвop. Родителите успеале да го ослободат и го сместиле во caнаториум 2 години.
Вилијам целиот живот го поминал осамен. Отуѓен од семејството и од околината. Тој бил човекот кој можел да го промени светот, но ненадејно починал на 46 години од мозочен yдap.